Неделен хороскоп од 5 до 11 август

Овен
Овните на почетокот на неделата ќе се соочат со потешкотии и пречки, кои ќе ги надминт со упорност и дипломатија. Ако сте доволно вредни и доследни, на крајот ќе бидете задоволни со резултатот. После четврток ќе бидете активни на бранот на љубовта и флертувањето. Бидете внимателни да не започнете врска со личност со која имате професионален ангажман, бидејќи постои ризик таа да не биде многу трајна и подоцна ќе ви ја уништи деловната атмосфера.

Бик
Неделава на биковите ќе им донесе нови знаења. Вие ќе се чувствувате задоволни од самите себе бидејќи сте научиле и усвоиле нови теми кои до сега не биле познати за вас. Повеќето од вас ќе патуваат, флертуваат или спортуваат. Во секој случај, ќе бидете авантуристички настроени и полни со енергија. После четврток, важно е да бидете претпазливи во комуникацијата со вашата околина.

Близнаци
Оваа недела ќе бидете филозофски настроени. Ќе бидете многу сочувствителни со другите и подготвени да им помогнете во тешкотиите. Бидете внимателни некој да не ја злоупотреби вашата добрина. Некои од вас ќе бидат ангажирани во креативни проекти или разни социјални активности што можат да бидат многу корисни за вашиот развој.

Рак
Ќе имате многу интересни состаноци, повици или пораки во текот на целата недела. Слушајте ги внимателно мислењата или советите на вашите блиски, бидејќи еден од нив може да биде клучот за решавање на проблемот што долго ве мачи. На почетокот на неделата можеби нема да се чувствувате особено стабилно финансиски, но по четврток можно е да заработите дополнителни пари.

Лав
Ќе добиете пофалби од луѓето што се важни за вашиот професионален развој. Во однос на љубовта, работите околу вас можат да се раздвижат и да добиете интересни предлози на кои ќе ви биде тешко да одолеете. Важно да бидете внимателни и да не го лутите партнерот со вашето повремено непријатно однесување.

Девица
На почетокот на неделата ќе бидете навистина емотивни. Вашите расположенија честопати ќе се менуваат, плашејќи ги или збунувајќи ги другите. Бидете внимателни да не го истурите својот гнев врз вашите блиски и обидете се да се опуштите ефикасно со креативни активности, пливање, јога или танцување. По четврток ќе запознаете луѓе што многу ќе ве импресионираат.

Вага 
На почетокот на неделата ќе бидете многу продуктивни. Исто така борбеноста ќе ви биде на многу високо ниво. Ќе го дадете својот максимум за да го решите проблемот што подолго време ве мачи. По четврток ќе имате напредок и во љубовните односи.

Скорпија 
На почетокот на неделата е можно да започнете да зборувате поотворено за вашите чувства и потреби пред вашата сакана личност, што во голема мерка ќе ја олесни вашата комуникација во врската. По четврток, ќе имате големи професионални промени. Можеби ќе добиете важни предлози што можат да отворат нови врати за професионален развој.

Стрелец 
На почетокот на неделата ќе имате поголеми дискусии со колегите или со луѓето со кои ќе треба да работите за промена на начинот на работа. Добра идеја е да се обидете да не го наметнувате своето мислење по секоја цена. По четврток, можно е да добиете пари од странство или некое наследство.

Јарец 
За Јарците почетокот на неделата ќе биде малку проблематичен на лично поле. Ќе се соочите со момент кога ќе треба да бирате дали да го послушате вашето срце или разум. По четврток ве очекуваат одлични резултати и пофалби за проектот на кој долго време работевте.

Водолија 
Водолиите, оваа недела ќе го пронајдат својот начин кој ќе им овозможи да заблескаат со знаење, таленти и вештини.  По четврток конечно ќе соберат храброст да ѝ се отворат на нивната сакана личност и да ѝ кажат колку многу ја сакаат.

Риби 
На почетокот на неделата важно е да бидете внимателни околу тоа што и на кој ќе кажете за да не бидете разбрани погрешно и да не влезете во непотребен конфликт. По четврток ќе се посветите на блиското семејство и времето ќе сакате го поминувате со роднините. Ќе бидете многу интуитивни и на овој или друг начин ќе придонесете за удобноста и благосостојбата на другите.

Scroll to Top