Неделен хороскоп од 6 до 12 април

Овен

Вашите финансиски проблеми ќе ги направите приоритетни и максимално ќе им се посветите. Ништо друго нема да ве интересира. Емотивните случувања ви се во втор план, па затоа нема да му се посветите на партнерот. Тој ќе ве разбере, секако доколку тоа не трае предолго. Поведете сметка за забите.

Бик

Не сте во поволен период за донесување на важни одлуки. Можно е да наидете на некои поголеми проблеми на деловен план. Можни се поголеми кавги и конфликти со партнерот. Во некои момени сте премногу груби кон него. Можни се силни главоболки.

Близнаци

Многу поволен период за изработување на деловна стратегија и планови за во иднина. Оваа недела ќе имате детален увид во деловната ситуација. Имате преголема кочница во себе и затоа не сте способни да му се отворите на саканото лице. Престанете сами да донесувате заклучоци и прашајте го партнерот како заеднички да ги решите проблемите.

Рак

Можете да очекувате помош и поддршка од страна на некој колега. Овој период не е поволен за влез во заеднички бизнис со некој пријател. Полека ја губите самодовербата бидејќи лицето кое ви се допаѓа не ви посветува доволно внимание. Можни се проблеми со циркулацијата.

Лав

Многу е важно да бидете максимално фокусирани на полето на работа во оваа фаза. Важни настани следат, немојте да ги пропуштите. Ќе бидете во можност за интересен флерт, но доколку сте во врска не го правете тоа. Оние во врска ќе имаат судир на интереси со партнерот. Можни се проблеми со грбот.

Девица

Ќе ви се отвори прилика да склопите некој важен договор со важни соработници. Доколку се во врска оваа недела ќе биде прилично мирно. Внимавајте на црниот дроб и жолчката.

Вага

Поволен период доколку планирате да побарате некоја позајмица или кредит. Благо финансиско подобрување доаѓа кон вас. Доколку сте во брак односите со партнерот ќе бидат совршени. Регулирајте го внесувањето на течности.

Скорпија

Можни се кавги и расправии со деловните партнери. Сметате дека тие не ги исполнуваат вашите очекувања. Дефинирајте ја ситуацијата на љубовен план и направете се што е потребно за да му ги докажете на партнерот вашите намери. Можни се проблеми со репрoдуктивните органи.

Стрелец

Преоптеретени сте со деловни обврски и немате повеќе сила да се посветите на било што друго. Вложувате максимални напори. Доколку сте слободни можете да очекувате интересна средба во текот на оваа недела. Ќе се појави лице во кое ќе се заљубите на прв поглед. Внимавајте доколку забележите хроничен замор.

Јарец

Не верувајте во лажни ветувања. Некој се обидува да ве измами со нереланите цифри кои ви ги ветува. Премногу брзоплето се впуштате во врски кои на крајот не излегуваат онака како што сте се надевале. Запрете малку, олабавете и размислете. Mожна е настинка, вирусна инфекција.

Водолија

Ако се занимавате со приватна работа може да очекувате компликации и проблеми во деловниот свет. Внимавајте на финансиите. Малку се досадувате кога станува збор за љубовното поле. Можеби вашата врска станала монотона, внесете свежина во неа. Можни се проблеми со мочниот меур.

Риби

Оваа недела ќе се стабилизирте на деловен план. Цело време ќе ве следат поволни нешта. Тешко доаѓате до промени на љубовен план, иако ги посакувате. Некои работи едноствано не ви одат, затоа почекајте малку, не очајувајте. Можни се проблеми со кашлица или болка во белите дробови.

Scroll to Top