Негативни реакции за новата реклама за „Ајфон 11“

Eпл е повторно цел на критики на интернет, овој пат поради новата реклама за „Ајфон 11“, односно поради тоа како таа почнува.

– Навистина ја мразам рекламата за „Ајфон 11“ што почнува со тој звук за будилник. Секојпат ми предизвикува „мини-инфаркт“ и посттрауматскo стрес-растројство, објави @bethanyellennx. Ова е само една од стотиците објави и коментари на „Твитер“ од луѓе што се револтирани од тоа што спотот почнува мелодија што тие ја сметаат за непријатна.

– Зошто мора да почнува со таа ужасна мелодија за будилник? Душата ми се стресува, прокоментира Бен @WiggyAFC.

Некои одат дотаму што бараат рекламниот спот да биде забранет.

Scroll to Top