Нема веќе поместување на времето на часовникот

Вкупно 4,6 милиони луѓе учествуваа во двомесечното истражување на Европската комисија и одговараа на прашањето дали се „за“ или „против“ летното/зимско сметање на времето. Повеќето испитаници гласаа против поместувањето на стрелките на часовникот, па Европската комисија денес објави предлог со кој бара да се укине поместувањето на времето. Со ова земјите членки на Европската Унија сами ќе можат да одлучат дали од 2019 година во нивната земја ќе се применува летно и зимско сметање на времето или не.

„Мора да престанеме да ги поместуваме стрелките на часовникот“, рече денес Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија. Тој додаде дека земјите членки ќе изберат дали ќе преминат на т.н. летно време цела година или ќе се вратат на она какво што беше претходно, односно само т.н. зимско време.

Scroll to Top