Необично кафуле во Јапонија кое гостите ги носи во анимираниот свет

Постојат неколку места во светот кои со својот ентериер и декорација ги воодушевуваат луѓето ширум светот. Едно од нив е кафулето во Јапонија која изгледа како сѐ во него да е нацртано. Сместено во округот Шин Окубо, кафулето „2D Cafe“ нуди неверојатна „анимирана атмосфера“ со ретро нота во себе. Целиот простор е со неутрални нијанси, а доминираат белите, кремастите и црните линии кои го исцртуваат мебелот и другите предмети. Поради ваквиот избор на боите, било што и да нарачате, на пример: чај, колач или нешто слично – ќе изгледа толку добро да биде вистинито и ќе ве натера да се разислите што е вистина, а што не.

Во Јапонија многу се ретки луѓето кои не сакаат стрипови, па ова кафуле е исклучително популарно затоа што секој кој доаѓа велува во „друга димензија“. Иако просторот е монохромски, сепа кпонудата на храна и пијалаци е исклучително шарена, што дава посебен акцент на целокупното кафуле.

Фотографиите уште подобро визуелно ќе ви објаснат како ова кафуле изгледа, па ѕирнете во нашата галерија:

 

Scroll to Top