Неочекувани места каде може да го сретнете мажот од соништата

На 20 години немате проблем со запознавањето на интересен дечко: тоа може да се случи на разни забави, универзитетот, одморот итн.

Но, со текот на годините се сѐ менува: сите привлечни мажи изгледа како да исчезнале, а вашите критериуми пораснале заедно со бројката на годините. Но, чудата се случуваат – понекогаш и на најнеочекуваните локации.

Шетање на кучето

Домашните миленици се одличен начин да запознаете некој убав странец. Сте го забележале со сладок лабрадор во прошетка? Фрлете ја топката во негов правец – и вашите кучиња веќе ќе се запознаат! Вие сте на ред!

Чекање во ред

Дали некогаш сте се запрашале колку време губите во редовите? Нека не биде залудно! Сте забележале пријатно момче – насмевнете се, шегувајте се, давајте духовити коментари, направите смешно лице – и неговото внимание ќе биде насочено кон вас.

Патување со авион

Имате барем неколку часа за да го импресионирате. Побарајте помош со рачниот багаж, заблагодарете се и почнете дијалог: дознајте каде оди и зошто. Присилно ограничен простор и разговор околу било што – а вие веќе не сте само патници. Само уверете се дека неговата жена и деца не седат во следниот ред.

Спортски клуб или теретана

Тој прави стомачни, а вие правите чучњеви? Одличен почеток! После тоа е сѐ поедноставно: воспоставете контакт со очите, насмејте се, поздравете се, побарајте некој совет како правилно да ја направите следната вежба.

Кулинарски работилници

Мислители дека овде одат само парови? Многу мажи ја бираат оваа врста на запознавање. Затоа расукајте го тестото и направете кнедли – на крајот на краиштата, патот до човековото срце оди преку стомакот.

Плажа или базен

Опуштена атмосфера, сјајно расположение, голи тела – зар ова не се идеалните компоненти за дружење? Облечете заводливо бикини, неколку пати освојте го со поглед – а сега тој ќе плива зад вас со понуда да испиете коктел заедно.

Венчавка на пријател

Ништо не може да го разбуди романтичното чувтсво како што е венчавката. Гледајќи бескрајно среќен пар, секоја личност која е сама ќе почне да сонува за пронаоѓањето на сродната душа.

Scroll to Top