Ни кондоми ни тампони : Што не може да се купи во Северна Кореја (ФОТО)

Откако вчера се појавија различни информации за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се уште нема официјална потврда за неговата здраствена состојба од Пјонгјанг. Дел од медиумите објавија дека тој е во кома откако на 12 април му беше извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи беше објавено дека Ким починал.

Каналот “Талко“ објави список на работи што не смеат или не можат да се купат во Северна Кореја. Така, Севернокорејците не можат да купат Кока- Кола и фармерки, ниту кондоми, а забрането им е купување и на божиќни елки.

1. Фармерки

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги забрани фармерките и други видови западна облека во два региона кои граничат со Кина. Пјонгјанг се обидува да го ограничи прелевањето на влијанието на западната култура преку границата.

2. Кока-Кола

Трговското ембарго што Северна Кореја го наметна за Кока-Кола има за резултат неможност овој пијалак да се најде во тамошните продавници. Иако некои велат дека во одредени „специјални“ продавници може да се купи „кока-кола“ од кинеско производство.

3. Строго контролирани фризури

Ким Џонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Не е дозволено боење на косата, па ако одите во Северна Кореја, заборавете на покривање на белите влакна.

4. Хигиенски влошки

Хигиенските влошки и тампоните не може да се најдат во продажба во Северна Кореја. Жените користат влошки за повеќекратна употреба.

5. Кондоми

Сите видови контрола на раѓање се забранети во Северна Кореја, па набавката на кондом е многу тешка работа. Многу возрасни Севернокорејци со задоволство би прифатиле кутија кондоми како подарок.

6. Сопственост

Севернокорејската влада има ексклузивно право на сопственост на земјиштето и имотите. Поради тоа речиси е невозможно да се купи или продаде куќа или стан. Сепак, бидејќи луѓето се снаоѓаат, властите ги олеснија законските услови.

7. Дизајнерски чевли

Во Северна Кореја дизајнерски чевли се забранети, освен во регионите кои граничат со Кина каде се продаваат чевли на високи потпетици од кинеско производство.

8. Божиќни елки

Северна Кореја официјално е атеистичка земја. Сите видови религиски практики се забранети или надгледувани од власта. Оттука, не можете да купите или да поседувате божикна елка ниту лампиони.

9. Мекдоналдс

Во Северна Кореја кафе се пие во синџирот кафетерии Ријонгванг Кафе.

10. Кабелска ТВ

Постојат четири официјални ТВ канали во Северна Кореја. Владината цензура е толку силна што не дозволува друг вид телевизии.

11. Западни списанија

Пропагандната машинерија на Северна Кореја забранува секаков вид странски медиуми. Владата и специјалните агенции го контролираат печатот. Нема забавни списанија, само политичко-образовни.

12. Wi-Fi и меѓународни повици

Од 15 милиони Севернокорејци, речиси еден милион поседуваат мобилен телефон. Арно ама, не можат да бираат меѓународни броеви. Има ограничување и на 3Г мрежата. Странците кои доаѓаат во земјата можат да купат припејд картички само за меѓународни разговори.

13. Музички концерти

Многу малку странци имаат настапувано во Северна Кореја. Единствениот бенд на кој му било дозволено да настапи во земјата е словенечкиот Лајбах. Тие имаа концерт во Пјонгјанг во 2015 година. Но, има концерти на локални групи.

14. Apple

Има забрана за продажба на секаков вид модерни хај-тек уреди во Северна Кореја. Да се купи Apple iPad е невозможно. Арно ама, Северна Кореја разви сопствен вид на таблет РС кој служи како замена за западните.

15. Спортски автомобили

Ова е уште една луксузна стока која е речиси 100% недостапна. Речиси е невозможно да се купи странско возило поради санкциите наметнати врз Северна Кореја од Обединетите нации и Европската унија.

61. Одмори во странство

На Севернокорејците не им е дозволено да одат на одмор во странство. Тоа е прекршување на човековите права, но веројатно луѓето таму не се свесни за тоа.

Scroll to Top