Ни кондоми ни тампони: Што не може да се купи во Северна Кореја

Светот е сè позаинтересиран за Северна Кореја. Нејзиниот лидер и влада континуирано се обидуваат да ја заштитат нацијата од надворешни влијанија, на пример, не дозволувајќи одредени фризури или облека. Сето ова нè тера да сакаме да дознаеме повеќе за луѓето во Северна Кореја и нивниот начин на живот. Најдовме 10 работи кои се забранети во оваа земја, пишува странскиот портал Bright Side.

Што  не можете да купите во Северна Кореја:

1. Западна облека

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги забрани фамерките и останата облека од Западот во двата региона кои граничат со Кина. Главниот град Пјонгјанг се обидува да се избори против влијанието на западната културата којашто  преовладува кај неговиот голем сосед.

2. Кока-кола

Жителоте на Северна Кореја не можат да купат шише кока-кола поради трговското ембарго. Сепак, во некои луксузни продавници во Пјонгјанг може да се купи кока-кола којашто се произведува во Кина.

3. Фризури

Ким Џонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од фризурите не дозволува промена на бојата на коса, па затоа вистински предизвик е да се купи боја за коса во Северна Кореја.

4. Тампони и хигиенски влошки

Жените најчесто прават хигиенски влошки од користена, стара облека.  Санитерните пакети не се достапни за жените од сите економски слоеви. Жените во Северна Кореја често купуваат памучна ткаенина и ја сечат за да ја користат за време на менструацијата. Често пати ја мијат и одново ја користат.

 

5. Кондоми

Севернокорејците се многу затворени и конзервативни за сексот. Повеќето не ни слушнале за кондоми, бидејќи такво нешто во Северна Кореја нема. Како прво, повеќето жители не можат да си дозволат предмети за еднократна употреба. Постојат различни видови на контрацепција достапни за богатите, додека сиромашните немаат никаква контрацепција.

6. Имот

Севернокорејската влада исклучиво ги поседува правата на земјиште и имот. Ова го прави практично невозможно купувањето и продавањето куќи или станови. Меѓутоа, луѓето во Северна Кореја најдоа начини како да го направат тоа, што доведе до олеснување на законите оваа година.

7. Дизајнерски чевли

Ако сте во Северна Кореја нема да може да си купите пар Маноло Бланик. Дизајнерските чевли никаде не се достапни, освен во регионите кои граничат со Кина, кои можеби имаат на продажба високи потпетици од кинеско производство.

8. Новогодишна елка

Ниту таа не е дозволена во Северна Кореја. Ако ја читате Библијата во Северна Кореја, можете да бидете уапсени и осудени поради тоа. Така е и со елката. Тоа е традиција која не е дозволена во оваа земја. Тоа е така бидејќи таа и официјално атеистичка земја. Сите форми на религиозни практики се забранети или силно следени од владата. Затоа, не можете да купите или да поседувате новогодишни украси како што се новогодишните елки.

9. Старбакс

Фотографијата од лево може да ве збуни бидејќи е лажна: тоа беше само шеговита објава на турист кој ја посетил земјата. Ако сакате да се напиете кафе во Пјонгјанг, треба да посетите едно од познатите кафулиња, кафулето Ryongwang.

10. Кабелска телевизија

Постојат само четири официјални ТВ канали достапни во земјата. Цензурата од власта е толку силна што не дозволува никаков друг вид телевизија.

 

 

Scroll to Top