Клубот Феникс Санс одлучил на малиот Теди, кој остана сам за роденденот оти никој од другарчињата не му дојде, да го почести со влезници за натпреварот против Лос Ангелес Лејкерси за да го прослави роденденот со илјадници луѓе .
Теди добил дрес и имал чест да ги запознае играчите и со нив да се ракува а од седиштата на самиот терен во живо го гледал ЛеБрон Џејмс. И фудбалскиот клуб The Phoenix Rising го поканил Теди на натпревар .
„Им благодарам на сите на роденденските честитки. Голем бакнеж“, порачал Теди во видео.
За потсетување, шестгодишниот Теди ќе го памти овој роденден откако на прославата ги поканил сите 32. соученици и пријатели, а никој не се појавил. Фотографијата на која седи сам во пицеријата го обиколи светот. Неговата мајка Сил Мазини од некои родители добила информација дека нивните деца нема да можат да дојдат, но ниту не сонувала дека ама баш никој нема да се појави.
Откако мајката ја објави тажната фотографија стигнаа честитки од целиот свет.