Никој од другарчињата не му дојде на роденденот

На шестгодишниот Теди викендов му се скрши срцето откако ниту едно другарче не му дојде на роденденската забaва во една пицерија. На социјалните мрежи пишуваат дека  фотографијата на која Теди  седи сам, со неколку пици, празни чинии и чаши,  а местата каде што требало да седат неговите другари се  празни е многу тажна.  Теди поканил 32 другарчиња, но како што неговата мајка раскажува, само неколку најкултурно се јавиле за да кажат дека не се во можност да присуствуваат. Другите не дошле.

Набрзо тажната приказна на момчето  допре до луѓето ширум светот преку социјалните мрежи. Неговата мајка вели  дека му ги покажува сите пораки за поддршка и честитки.

„Веќе почнува да се смее“, додава мајката, која постираше кратко видео во кое Теди се заблагодарува.

 

 

Scroll to Top