Францускиот град Ница е на листата на светско наследство на УНЕСКО. Ница со еден милион жители е опишана како зимско одморалиште на француската ривиера. Сместена меѓу планини и Средоземното Море, Ница е вториот најголем град на француското крајбрежје, зад Марсеј. Не е тајна дека тоа е една од најпривлечните туристички дестинации во Европа , а за една година ја посетуваат милиони луѓе.
Уште од 18. век Ница ја привлекувала европската аристократија, најмногу британската и руската, во потрага по пријатна клима, каде што би ги поминувале зимите.