Нобеловката Малала дипломираше на Оксфорд осум години откако беше застрелана во главата

Малала Јусафзаи (22), најмладата нобеловка во историјата, вчера дипломираше на Универзитетот Оксфорд. Таа дипломираше осум години откако едвај го преживеа обидот за атентат што врз неа го изврши талибански напаѓач.

Малала на Оксфорд студираше политика, филозофија и економија.

„Не знам што ми претстои сега. За почеток ќе бидат ‘Нетфликс‘, читање и спиење“, напиша таа на „Твитер“.

За потсетување, Малала беше застрелана во автобус на 9 октомври 2012 година во нејзината татковина, Пакистан. Во неа пукаше талибански напаѓач, како одмазда за нејзиниот активизам за правото на девојчињата да одат на училиште. Со повреди на главата, вратот и рамото, таа во критична состојба беше превезена во болница, а подоцна лекувањето го продолжи во Бирмингем. Откако заздрави, целото нејзино семејство се пресели во Англија.

Во 2014, на 17 години, таа доби Нобелова награда за мир.

Scroll to Top