Норвешка е рај за секој пензионер, фондот во оваа земја надминал над милијарда долари

Вредноста на норвешкиот државен пензиски фонд е најголем во светот. Тој достигна вредност од 10 билиони норвешки круни, или околу една милијарда долари, благодарение на растечките цени на акциите на светскиот пазар и силното евро и доларот.

На официјалната страна на фондот, објавено е дека вредноста на државниот пензиски фонд „Глобал“, за прв пат од неговото основање, достигнала 10.000 милијарди круни, што значи повеќе од 200.000 долари по жител на оваа земја. На крајот на 2017 година, новрешкиот државен пензиски фонд, за прв пат во историјата достигна граница од еден билион долари.

Норвешка е позната по тоа што е богата со нафта.  Таа е главен производител на нафта и своите енергетски приходи ги вложува во фондот за финансирање на пензиите и со нив ги покрива другите трошоци на владата. Норвешкиот пензиски фонд се чува за идните генерации во оваа нордиска земја. Како што многумина челници на фондот сметаат, еден ден нафтата ќе ја снема, но повратувањето на парите од фондот ќе го продолжи просперитетот на норвешките граѓани.

 

 

Scroll to Top