Норвешка го гради највисокиот облакодер од дрво

Норвешка ја заврши конструкциската рамка на највисокиот облакодер во светот кој ќе биде еколошки и отпорен на оган.

Дрвениот облакодер Мјос ќе се гради во близина на истоименото езеро што се наоѓа 100-ина километри северно од Осло.

Ќе биде висок 85,4 метри и ќе има 18 ката.

Инвеститорите велат дека со користењето на дрво кое е обновлив материјал може да се намали застапеноста на јаглероден диоксид, за разлика од бетонот, кој е основен материјал на станбените објекти во градот.

Мјос ќе содржи станови, затворен базен, хотел, канцеларии, ресторан и заедничка просторија.

Scroll to Top