Нострадамус го предвидел пожарот во Норт Дам, силни земјотреси ќе ја погодат Европа во 2020 година

Францускиот пророк Нострадамус е автор на една од најпознатите книги за пророштвата некогаш. Иако стиховите што ги оставил зад себе за многумина се неразбирливи, се смета дека во своите пророштва успеал да предвиди некои од клучните моменти во историјата, како доаѓањето на Хитлер на власт во Германија или терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Луѓето што денес ги проучуваат неговите записи го пронашле и неговото предвидување за пожарот во Норт Дам.

Нострадамус во своите стихови навел дека емоционално најмногу ќе биде погодена Франција, но и Италија.

Астрологот Џесика Адамс ги цитирала стиховите во кои Нострадамус, според своето верување, го предвидел пожарот во Нотр Дам.

„Главата на Овенот, Јупитер и на Сатурн, вечен богу, кои промени ќе се случуваат? По многу време, злото ќе се врати, Франција и Италија, кои емоции ќе ги доживеете?“

Во емоциите што Нострадамус ги спомнува во своите стихови многумина пронашле врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој во обраќањето во јавноста рекол дека Нотр Дам е „наша заедничка историја“, а неговата порака беше дека тешко му е да гледа како нивната историја гори, а тоа допрело до многу Французи и католици.

Сепак, предвидувањето од кое многумина стравуваат е третата светска војна, која би требало да трае 30 години иако не се знае нејзиниот почеток.

Еве што пророкот предвидел за 2020 година:
Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател, но ќе се најде во опасност. Америка ќе ја погодат силни земјотреси, особено Калифорнија, во текот на јуни и јули.

Европа не е ништо посигурна за земјотресите иако не навел кога точно ќе се случи тоа, но наводно ќе бидат помеѓу 7 и 7,5 степени по Рихтеровата скала, и тоа во Турција.

Глобалната економија повторно ќе биде во криза. Нострадамус ја предвидел и кризата во 2008 година, а оваа работа ја предвидува и за 2020 година. Предизвикувач на економската криза ќе биде Велика Британија поради брегзитот.

Нострадамус дури предвидел дека Велика Британија би можела да се распадне. Нострадамус исто така предвидел дека монархот што најдолго владее ќе почине.

Освен големите земјотреси, многу земји ќе бидат погодени од страшни пожари. Тука се спомнуваат Хрватска, Грција, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија и Франција.

За Америка предвидени се силни невремиња и торнада.

Тој предвидел и дека ќе има топење на ледниците, а последиците би можеле да бидат страшни – нови војни, недостиг на ресурси, намалување на водата за пиење.

Големата војна помеѓу двете сили ќе заврши, како што вели тој, а тоа можеби се односите меѓу САД и Кина.

Scroll to Top