Нова опција на „Инстаграм“, тргнете ги тие што не сакате да ве следат

„Инстаграм“ нуди нова опција со која ќе можете сами да исфрлате луѓе од вашата листа на следачи. Ако не сакате некој да ве следи и да ги гледа вашите постови, можете да го исфрлите рачно, а „Инстаграм“ нема да го извести за тоа, велат креаторите на оваа социјална мрежа.

Оваа опција е во фаза на тестирање и ја немаат сите корисници на „Инстаграм“, но таа се шири сè повеќе, а можете да ја добиете со апдејт на апликацијата. За да видите дали ја имате оваа опција, одете на почетната страница на својот профил на апликацијата и изберете ја листата на следачи. Покрај секое име треба да има три вертикални точки. Кликнете на нив и ќе ви се појави прозорче со опција да го исфрлите тој следач. Последниот чекор е да кликнете remove. Овие луѓе веќе нема да може да ги гледаат вашите фотографии, видеозаписи и приказни исто како тие да го направиле тоа.

Scroll to Top