Дали некогаш ви се причинило дека тргањето дамки може да трае вечно?
Од тепих до облека, еве го нашиот сеопфатен водич за тргање на тврдокорните дамки. Кога е во прашање успешното тргање дамки, постојат различни начини тоа да се направи, но единственото нешто што им е заедничко е тоа што морате брзо да се ослободите од нив.
Дамка: цвекло/кафе/чај
Постапка: потопете ја облеката во ладна вода и пуштете да отстои еден час. Нанесете средство за чистење како што е течниот прашок на дамката, а потоа нормално исперете.
Дамка:Црвено вино
Постапка: процедете или исперете ја со газирана вода и на крај исплакнете.
Дамка: Лак за нокти
Постапка: користете средство за тргање на лакот за нокти или ацетон за сите ткаенини, освен синтетиката, а потоа исперете ги како и обично.
Дамка: масло за јадење/маргарин/маст
Постапка: истурете врз дамката брашно или детергент и оставете еден час, а потоа исперете ја на најтопла можна температура во склад со материјалната ткаенина.
Дамка: кармин за усни
Постапка: нежно истријте ја ткаенината со крпа и сапун или детергент, а потоа исперете ја.
Дамка: чоколадо/јајца/кари/чили
Постапка: претходно сипете детергент за перење директно на дамката, а потоа оставете ја неколку минути пред вообичаеното перење.
Дамка: мувла
Постапка: за сите ткаенини, освен волната и свилата, истурете шолја со лимонов сок, оставете ја преку ноќ и потоа исперете како и обично.
Дамка: лепак
Постапка: истријте ја со ацетон (средство за тргање на лак од ноктите)
Дамка: крв
Постапка: свежата дамка веднаш исперете ја со ладна вода, а потоа исперете ја како и вообичаено. Кај постарите дамки, нанесете детергент за перење директно на дамката, а потоа натопете ја со вода која содржи повеќе детергент и оставете ја да отстои два часа пред нормалното перење.
Дамка: трева
Постапка: тревата е комбинација од протеини и боја. Детергентот треба да ги тргне поголемите дамки. Останатата боја натопете ја во шпиритус.
Дамка: боја
Постапка: бои на водена основа, акрилни, темперни и поликолор исперете ги во вода додека уште се влажни, а потоа исперете ги како и обично. За боите и лакови на база на масло, користете сунѓер и шпиритус, а потоа нормално исперете ги. Исушената боја може да се изгребе или тргне, но тешко е да се испере.
Дамка: пот
Постапка: користете оцет или лимонов сок. Со сунѓер и со оцет исперете ја дамката. Користете лимонов сок доколку е во прашање волна. Потоа исперете и исплакнете.
ТЕПИСИ
Дамка: крв
Постапка: користете ладна вода затоа што ладната вода го спречува продирањето на крвта во влакната од тепихот. Помешајте детерент за перење со ладна вода во шише со распрскувач и попрскајте ја дамката. Доброто намокрете ја дамката, а потоа исушете ја со пешкир.
Дамка: кафе
Постапка: најпрво избришете ја со бел пешкир. По тоа помешајте оцет, вода и детергент, попрскајте ја дамката и повторно избришете. Продолжете ја постапката додека дамката не исчезне.
Дамка: мастило
Постапка: навлажнете чиста, бела крпа со дестилиран алкохол и полека испрскајте ја дамката додека не исчезне. Немојте никако да триете затоа што би можело да предизвика ширење на дамките. Дамката исперете ја со вода и по потреба повторете ја целата постапка.