Новогодишната елка од тестенини прилично е едноставно да ја направите, евтина е и убава.
На вас е само да изберете која тестенина ќе ја користите и како ќе ја украсите. Ви предлагаме златно божикно дрвце од макарони во облик на машнички.
Елката од тестенини е едноставен и евтин украс, кој лесно можете да го направите заедно со своите деца. Најдобро е да почнете со изработка на елката нешто порано бидејќи работата е многу напорна и долготрајна.
На картон можете да залепите два реда машнички одеднаш, потоа наредниот ден, кога ќе се исуши лепилото, можете да продолжите со следните слоеви. За среќа, што е помал обемот на конусот, и работата оди побргу.
Елка од тестенини – што ви е потребно?
- Картон и топчиња од стиропор
- Тестенини (да избереме, овде користевме ленти, но школките и машничките изгледаат баш убаво)
- Лепило
- Златен или сребрен сјај
- Украси
- Стаклено шише со стеснат врв – на него ставивме картонски корнет.
Сечеме полукруг од картонот – колку е поголем, толку божикното дрвце ќе биде поголемо. Го лепиме во вид на конус. Го ставаме шишето така што што картонот ќе биде достапен од сите страни. Почнуваме со лепење на тестенините густо наредени, така што картонот ќе може да го видите што е можно помалку и сé така до врвот. Кога ќе завршиме и лепилото ќе се исуши, ќе нанесеме спреј. По сушењето, ги лепиме украсите, исто така пожелно е со лепилото затоа што по сушењето, тие стануваат проѕирни.
Во продолжение гледајте ја постапката чекор по чекор.
На конусот од картон лепите тестенини ред по ред.
По завршувањето, почекајте лепилото темелно да се исуши.
Ги боите тестенините во златен или сребрен сјај и ги лепите украсите.
Новогодишните мали топчиња од стиропор ги ставаме на елката со помош на лепило. Можете да ги купите во продавниците.
Врвот на елката ја правиме од друг вид тестенини.