Од бездомник и зависник од хероин до милионер, совети од Хари Сандерс како да се збогатите во 2020 година

Хари Сандерс иако има 22 години е директор на голема компанија која остварува годишен обврт од милиони долари. Хари отворено зборува за тешкиот пат низ кој минал во животот.

„Од бездомник и човек зависник од хероин, станав милионер“, вели Хари кој објаснува дека секој може да го изоди неговиот пат и да стане богат човек. Тој споделил неколку совети кои во 2020 година би можеле да им донесат успеси на сите млади луѓе.

1. Работете како да ви е тоа последна шанса во животот

Не ја започнувајте новата година уморни. Тоа ќе го постигнете така што за време на празниците ќе се подготвите за она што сакате да го работите во животот. Ако самите вложите труд во она што го сакате да го правите, 2020 година ќе ви стане најдобрата во вашите животи. Влезете со полн елан во Новата година.

Но, имајте една работа на ум. За да бидете во состојба напорно да работите, морате да знаете кога треба да се опуштите.

2. Најдете причина за секоја цел

Не е доволно да се каже „сакам да бидам во добра физичка форма“ или „сакам унапредување“, вели Хари. На сите им е потребна поддршка. На пример, ако сакате да ја поправите физичката форма, мотив може да ви биде добриот изглед. Не дозволувајте други да влијаат на вашите цели. Тоа треба да бидат ваши желби и ваш мотив за да успеете.

3. Искористете ги или фрлете ги работите кои не ви се потребни

Новата година е совршен момент за да се ослобдите од сето она што не ви носи радост во вашите животи. Сите понекогаш сме затрупани со работи кои повеќе не ги сакаме, работи кои мислиме дека не ни се потребни и кои повеќе не ги користиме. Фрлете ги сите нешта кои со години ви стојат во фиока и направите место за нови. Кога ќе го исчистите просторот, ќе го исчистите и вашиот ум и ќе создадете простор за успех.

4. Почнете да штедите

Најбогатите луѓе се често внимателни со парите. Ако непрекинато само трошите, вашите пари нема да ви донесат ништо вредно. Следната година посветете внимание на големите поволности и искористете ги. Отворете сметка за штедење и договорете со банката директен трансфер за секој месец.

5. Изградете свој бренд

Родителите веројатно ви кажуваат работи кои се важни за нив. Начин на кој тие сакаат да успеете. Послушајте ги нивните совети, но обидете се самите вие да утврдите што сакате да постигнете во животот. Создадете свој бренд, нешто што на вас би ви одговарало. Нешто што сакате да постигнете следната година. И внимавајте што постирате на социјалните мрежи. Не дозволувајте вашите идеи бидат превземени од другите, вели Хари.

 

 

 

Scroll to Top