Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат значителна промена на времето. Од ноќеска се очекуваат врнежи од дожд, кои во северните делови на повеќе места ќе преминат во снег. Снег ќе има и на планините, но и на пониските места. На планините, особено на запад, снежната покривка ќе се зголеми за околу 20 см, а помала снежна покривка се очекува да се формира и во поголемиот дел од земјава.
Ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе доведе до значително опаѓање на температурата.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.