Филип Илиоски и Христијан Мојсоски од Прилеп ќе тргнат на точак од Прилеп и ќе возат до Истанбул (Турција). Двајцата се од здружението „Маркови точкаџии“ и следниот викенд ќе заминат на велосипедска авантура, а крајната цел е Босфор.
Момците ќе возат од Прилеп, преку Серес па Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација до Истанбул. Целата тура изнесува околу 800 километри. Попатно ќе кампуваат и преспиваат во шатори.
Враќањето на Филип и Христијан ќе биде со автобус. Тие двајца активно се рекреираат со велосипедизам и прават сериозни велосипедски тури со импресивни должини. Минатата година ја реализираа нивната најдолга еднодневна тура досега со должина од 324 километри која ја возеа низ Македонија.