Од утре живата на термометарот ќе ја достигне и 40-ката, а УВ-индексот ќе изнесува 9.
Сепак, хидрометеоролозите предупредуваат на нова температурна инверзија. Велат, се очекува нагло опаѓање на температурите, посвежо и подожливо време кон крајот на неделата.
Деновиве целе Европа е зафатена од пеколни горештини какви што немало во последниве нецели две децении.
Жештини ја преправија Франција, која деновиве води борба со пожарите, а во Париз за прв пат температурата го надминала 45. степен. Четириесет од вкупно 50 шпански региони се во црвена зона, а во Италија како последица на горештините има најмалку три човечки жртви. Дури и жителите на Москва се соочуваат со сериозен температурен шок.
Во овој период од годината препораките од докторите се повеќе од добредојдени, особено за лицата со хронични заболувања. Седете дома, ако не е потребно да излегувате, и пијте многу течности.
Не изложувајте се на сонце кога е најтопло – во периодот од 12 до 17 часот, носете лесна облека, внесувајте повеќе течности и, секако, заштитете ја кожата со креми со заштитен фактор.