Оригинално или грдо: Модни трендови кои ги поделија дизајнерите

Со напредокот на модната индустрија, сѐ повеќе доаѓаат до израз необичните модни трендови кои кај некои луѓе предизвикуваат овации додека кај други се јавува исмејување на истите и неприфаќање, што не е потполно нормално затоа што вкусовите се различни и за нив не треба да се расправа. Околу нив не треба да се расправа и токму поради тоа за денес подготвивме трендови кои во светот предизвикаа бурни реакции, како негативни, така и позитивни.

Затоа, останете со нас, затоа што во продолжение ќе зборуваме за четири многу популарни трендови!

1. Патики и елегантни парчиња

Пред неколку години беше потполно незамисливо да облечете патки кои ќе ги искомбинирате со некое елегантно здолниште или фустан, додека сега тоа се смета за посакувано. Оваа комбинација се смета за една од главните одлики на урбаниот стил во кој се тежнее кон спојување на неспојливото. Затоа, доколку сакате да бидете во тренд, направете некоја ваква комбинација.

Што велите за овој тренд?

2. Папучи со крзно

Овие папучи се вистински оксиморон, односно спој на неспојливото. Секој прво ќе помисли кога воопшто се носат овие папучи – не можете на лето бидејќи во нив ќе ви биде премногу топло, додека не можете ни во зима бијдеќи се премногу отворени. Како единствена опција ви остануваат пролет и есен, но дали и тогаш се адекватна облека?

Како и да е, ова парче е навистина одлика на високата мода и не може секој да го одбере како дел од стајлингот.

3. Мун бутс (Moon boots)

Чизмите кои веќе неколку сезони се актуелни се популарните Мун Бутс кои имаат доста необичен изглед. Колку и да е вашето стопало големо, тоа ќе изгледа мало поради ширината на самата чизма. Иако овие чизми имаат поприлично грд изглед, сепак тие се многу корисни за во зима бидејќи се топли и во нив сигурно нема да ви биде ладно. Најдобро е да ги искомбинирате со тесни фармерки или хеланки.

Поради својот изглед, тие може да ве направат визуелно да изгледате пониски од што навистина сте, затоа избегнувајте ги доколку сте ниски.

4. Платнени шешири

Трендот на шеширите, но не и оние дамските, туку оние мали платнени шешири кои се многу популарни меѓу дизајнтерите и популарните блогерки шрум светот. Се појавија во низа дезени и девојките ги комбинираат и со елегантни парчиња, но и со спортски, така што доколку се одлучите да го купите ова тренди парче, тогаш пуштете ја фантазијата да си го одработи своето и искомбинирате го со што и да посакате. 

Scroll to Top