Оскаровецот Таика Ваитити ќе го режира новиот филм „Војна на ѕвездите“

Оскаровецот Таика Ваитити ќе биде режисер на новиот филм „Војна на ѕвездите“, потврдија на официјалната страница на филмот. Ваитити, кој годинава освои Оскар за најдобро сценарио за филмот „Зајакот Џоџо“, ќе биде и косценарист на филмот, заедно со Кристи Вилсон-Каирнс.

Ова ќе биде вторпат Ваитити да режира дел од франшизата „Војна на ѕвездите“, откако беше режисер на финалето на првата сезона од „Мандалоријан“ за „Дизни“. Истовремено, креаторката на „Руска кукла“, Леси Хедленд, исто така, подготвува нова серија „Војна на ѕвездите“ за „Дизни“, а ќе се фокусира на животот на Оби-ван Кеноби.

Пред новиот „Војна на ѕвездите“, Ваитити ќе го сними „Тор: љубов и грмеж“. Тој беше режисер и на „Тор: Рагнарок“.

 

Scroll to Top