Останете во форма за време на новогодишните празници

Иако празниците се време кога многу се готви и јаде, можете да ги смените нездравите навики. Лесно е да останете во форма, наместо подоцна да размислувате како да се ослободите од вишокот килограми. Ова се неколку корисни совети за да останете фит за време на новогодишните празници.

Пијте многу вода
Хидратацијата е многу важна за баланс во нашето тело, а токму неа најчесто ја запоставуваме за време на празниците. Обично водата ја заменуваме за сокови и алкохол кои подоцна се одразуваат драстично врз нашата килажа. Исто така можете да се послужите со мал трик – да пиете една голема чаша вода пред секој оброк. Ова ќе ви помогне да го намалите чувството на глад и ќе изедете многу помалку од вообичаено.

Кардио вежби
Најдобриот начин за да се справите со „тешките“ оброци за време на празниците е вежбањето. Но, не било кое вежбање, туку кардио. Неговата предност е тоа што можете да го правите секаде и не ви требаат повеќе од 25 минути за добро кардио. Не наоѓајте изговор дека е период на празници и дека треба да заборавите на вашето здравје. Уживајте во празниците, но не заборавајте на овој доста важен фактор кој ќе ви помогне да ја одржите дотогашната килажа.

Спијте најмалку 8 часа
Сонот е многу важен за добра функција на телото, а воедно и еден од наједноставните начини како да останете фит за време на празниците. Затоа направете си распоред и не си дозволувајте да помине ноќ со помалку од 8 часа добар сон. Дури и кога ноќта ќе биде бурна и ќе си легнете рано наутро, не заборавајте на ова важно и едноставно правило.

Ограничувајте ги оброците
Не се прејадувате само затоа што се празници. Јадете умерено како и секогаш, па речиси нема ни да забележите некоја драстична промена врз вашата килажа.

Пешачете
Секогаш одбирајте да пешачите и не само во сезоната на новогодишните празници, туку секогаш. Пешачењето е многу подобар и поздрав избор за вашето здравје и има двострани бенефиции. Од една страна е добро за вашето здравје, а од друга страна е добро за вашата линија.

 

Scroll to Top