Осум Македонци повредени во автобуска несреќа во Австрија

Двајца македонски државјани се потешко повредени, откако автобусот со кој патувале имал  сообраќајна незгода во Австрија, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако стапиле во контакт со македонската амбасада во Виена.

Како што информираат од МНР, во автобусот имало 18 македонски државјани. Покрај двајцата потешко повредени кои не се во животна опасност, шестмина од патниците минале со полесни повреди.

Од Министерството најавуваат и потемелен извештај откако во Австрија ќе биде завршен увидот на местото на несреќата.

Scroll to Top