Осум медицински сестри забремениле во исто време, се породиле една по друга

Осум медицински сестри во болницата „Андерсон“ во Илиноис во период од пет месеци родиле осум бебиња. Од јули до декември, седум сестри од породилиштето и една техничарка станале мајки.

Со „Бејби бум“ се пофалиле на Фејсбук објавувајќи фотографии на кои седум од нив позираат со своите бебиња. Колешките пријатно се изненадиле кога дознале дека 40 годишната Сузан Ленц е во 18-та недела од  бременоста.

Вистински шок следел кога со истата вест набрзо на работа се појавиле и Ребека Егеринг и Сара Гротефенд.

„Прво помисливме дека е супер што група пријателки забремениле истовремено. Кога бројот се искачи на осум, свативме дека нешто засекогаш ќе не поврзе“, изјавила Гротефендт, која на 24 октомври минатата година го родила синот Холден.

Ленц, која прва ја објавила бременоста, ја родила ќерката Ана Грејс на 25 јули.

„Беше возбудливо затоа што веќе знаевме дека на свет ќе стигнат уште многу бебиња. Не можевме да дочекаме, но полека се породивме сите една по друга“, се присетува Сузан.

 

Scroll to Top