Осветлете ја русата коса во домашни услови

Ако сакате да ја осветлите својата руса коса, а заради карантнот не можете да посетите фризерски салон, постојат домашни методи што ќе ви помогнат да постигнете природен ефект на руса коса. Без оштетување, вашата коса ќе биде сјајна и здрава.

Лосион од камилица

Камилицата е класика кога е во прашање негата на русата коса и е една од најпопуларните методи за осветлување дома. Припремете чај од билки – или прелијте зовриена вода врз цветовите (можете да ги купите во некоја добра аптека) – а кога ќе отстои прелијте ја измиената коса со ладен чај.

Оставете да се исуши и измијте ја. Повторете ја оваа постапка после секое миење на косата – сé додека не го постигнете саканиот ефект – но имајте на ум дека камилицата овозможува само осветлување.

Лимонов сок

Исцедете сок од еден лимон и додајте околу 6 лажички вода. Потоа, нанесете го на сува коса. Држете го на главата неколку часа, а потоа измијте ја косата. Повторете ја оваа постапка во наредните денови. Конечниот ефект зависи од состојбата и бојата на вашата коса. Сонцето ќе ви помогне да ја осветлите косата со лимоно, што ќе го забрза целиот процес.

Маска од рабарбари

Исечете три стебленца рабарбари на коцки и прелијте ги со две шолји вода или бело вино. Загрејте ги на лесен оган околу 30 минути, а потоа оставете малку да отстои и процедете го низ сито. Доколку сакате да добиете погуста конзистенција, помешајте ја масата со бела глина. Нанесете ја на коса и оставете ја да отстои околу 20 минути, а потоа добро измијте ја.

Оваа маска ќе ви овозможи да добиете коса со боја на мед. Исто така мое да се користи за малку да ја осветлите веќе обоената коса.

Избелете ја косата со мед

Помешајте ја една лажица со мед, една лажица лимонов сок и 1,5 лажица било каква густа маска за коса (или балзам). Нанесете ја маската на измиената коса и ставете капа. После некои 20-30 минути, измијте ја косата. Исто така можете да подготвите миење со мед. Промешајте седум лажици мед со еднаква количина на лимонов сок и 3 лажици јака инфузија со камилица. Нанесете ја на косата и држете неколку часа, а потоа измијте ја косата.

Scroll to Top