Откажан годинашниот Октоберфест

Годишниот „Октоберфест“, што требаше да се одржи во Минхен од 19 септември до 4 октомври, е откажан. Ова го соопштија властите во германската покраина Баварија. Причината, велат, е пандемијата со новиот коронавирус. Според економистите, откажувањето на најголемиот светски фестивал на пивото, ќе има огромно влијание на економијата на градот Минхен. Обично, во тоа време од годината, најмалку шест милиони луѓе ја посетуваат Баварија.

Фестивалот што трае две недели, и се одржува под шатори со долги дрвени маси, на Минхен му носи приход од над една милијарда евра годишно.

Првиот „Октоберфест“ се одржал на 18 октомври 1810 година како прослава на венчавката на крунисаниот принц Лудвиг (подоцна крал Лудвиг Први) со принцезата Тереза.

Scroll to Top