Откажани 14 летови во Москва поради лошото време

Националната авиокомпанија на Русија „Аерофлот“ откажа 14 летови од московскиот аеродром Шереметјево, закажани за 8 февруари, поради лошите временски услови.

„Поради технички причини предизвикани од лошите услови на пистите на руските аеродроми, како и поради лошите временски услови, изменет е планот за летовите за 8 февруари 2018 година, соопштија од ‘Аерофлот’“, пренесува ТАШ.

Меѓу другото, откажани се и летови кон Варшава, Истанбул и Стокхлом.

Само во последните 24 часа низ улиците на руската престолнина отстранети се 1,2 милиони кубни метри снег, соопшти заменик-градоначалникот на Москва, Пјотр Бирјуков.

 

Scroll to Top