Откриена првата планета надвор од нашата галаксија

Астрономите ја открија првата планета надвор од нашата галаксија. Тие пронашле нешто што наговестува дека е планета, слична на нашата, пренесува „Би-би-си“.

Досега се пронајдени околу 5000 вакви слични егзопланети. Сите тие кружат околу ѕвезда надвор од нашиот Сончев систем, но, сите тие се лоцирани во галаксијата на Млечниот пат.

Оваа планета астрономите велат дека е со големина на Сатурн. Неа ја откриле астрономи со рендгенскиот телескоп на НАСА, „Ц хандра“. Планетата се наоѓа во галаксијата Месија 51 и е оддалечена околу 28 милиони светлосни години од Млечниот пат.

Најновите резултати за новата планета, астрономите велат дека ги добиле користејќи специфичен метод. Имено тие го забележале моментот кога планетите за време на своето движење, ја попречуваат светлината на ѕвездата околу која орбитираат.

Планетата блокира дел од светлината на ѕвездата и дава карактеристичен пад на количина светлина која може да се открие со телескоп. Оваа техника е веќе користена за пронаоѓање на илјадници егзопланети.

Докторка Розен ди Стефано од американскиот Центар Харвард Смитсонија за астрофизика во Кембриџ и нејзините колеги побарале падови во осветленоста на рендгенските зраци добиени од објектот познат како бинарен сјај на рендгенските зраци.

„Методот кој го развивме и применивме е единствениот во моментов кој може да го примениме за откривање на планетарни системи во други галаксии“, рече Ди Стефано за „Би-би-си“ њуз.

Овој бинарен систем содржи црна дупка или неутронска ѕвезда која кружи околу ѕвездата придружник, чија маса е околу 20 пати поголема од онаа на Сонцето.

 

 

Scroll to Top