Откриено вистинското лице на Исус Христос

Ланеното платно во кое бил замотан Исус Христос за време на погребувањето, се наоѓа во Торино. Тоа е со димензии 4,4 x 1,1 метар, и на него е избледен ликот од маж со брада и бркови и коса која е поделена на средината. На рачниот зглоб се гледа трага од округла рана настаната со прободување, а прободен му е и градниот кош. Платното со векови било чувано во Каттедралата Свети Јован Крстител во Торино, а христијаните веруваат дека ликот кој бил избледен претставува синот божји.

Платното за прв пат се појавило во јавноста во втората половина на 14 век, иако постои можност да во прашање е платно кое било опишувано и претходно, и дека е нарекувано со поинакви имиња, односно дека е во прашање „Слика од Одеса“.

Ликот на платното отсликува маж, кој бил висок и мускулест, некои проценки се дека бил висок и до 188 сантиметри. Црвенкастата флека ги открива многубројните повреди на неговото тело, а форензичарите утврдиле уште некои интересни факти.

Рачниот зглоб поседува трага на округла рана настаната со прободување, додека другата не се гледа, затоа што е прекриена со првата. На него истото така се гледа трага настаната со прободување со остар предмет во пределот на градниот кош. Се смета дека ваквата рана настанала со прободувањето на Исус Христос со копје, од страна на легионерот Лонгин, кој подоцна станува христијанин. Исто така се забележливи и траги од повреди околу челото, по стомакот, нозете и отеченото лице.

Деталите со голо око практично не е возможно да се видат. Ликот на негатив фотографиите, за прв пат го приметил фотографот Секондо Пије, во мај во 1898 година. Овој италијански фотограф сфатил што всушност се наоѓа на платното која му било дозволено да направи фотографија и кога ги погледнал негатив фотографиите.

Тој исто така бил првата личност која го видела целосниот лик на Исус Христос, или ликот за некој за кого луѓето верувале дека е Исус Христос.

 

Особено е значајно тоа што ова имплицира дека е во прашање некаков негатив, но каков точно засега останува мистерија. Мистерија е и тоа како настанал ѝ тоа никој не може со сигурност да го каже. Има многу хипотези, а паранормалниот начин е најпросто објаснување.

Светата столица во 1988 година дозволила од Оксфордскиот универзитет, Универзитетот во Аризона и швајцарскиот Федерален институт да извршат испитување со технологија со користење на методи со помош на радиоактивен јаглен (радикарбонско датирање).

 

Тие заклучиле дека со 95% сигурност може да се каже дека платното настанало во периодот меѓу 1260 – 1390 година. Но, платното било оштетено во пожар во 1532 година, поради што радиоактивното датирање било спорно, поради тоа што го искривува времето.

Но, научниците од Универзитетот повторно ја ставиле ткаенината под микроскоп, користејќи спектроскопје (набљудување на интеракции на физички предмет со електромагнетна радијација) и заклучиле дека всушност е многу постара.

Авторот на книгата „Мистерија на платното“ Џулио фанти, кој е професор по механичко и термо инженерство во Падова, тврди дека ткаенината потекнува од периодот меѓу 280 година пред нашата ера и 220 година пред нашата ера, што значи дека постоело во време на Исус Христос ѝ дека проучувањето од 1988 година, не било статистички поткрепено.

Многумина сметаат дека дел од ткаенината кое е додадено потекнува од средниот век. Тоа било додадено за време на неговата поправка. Од друга страна текстилниот експерт Мехтилда Флури Лемберг вели дека начинот на изработка на ова платно се совпаѓа со она кое е пронајдено во близина на Мртвото море, а кое датира од 1 век.

Римокатоличката црква формално го нема прифатено ова платно како автентично, но не го има ниту отфрлено. Сепак, папата Пије XII во 1958 година, го признал како објект со кој се обожава „Светото лице Исусово“, а во скоро време папата Бенедикт XVI и Фрањо го опишале како „икона“, додека првиот полски папа Јован Павле II, го нарекол „огледало еванѓелие“.

 

Scroll to Top