Падна првиот снег на Пелистер

Утрово на Пелистер падна првиот снег. Ниските температури достигнаа  -3 степени, а дождот што паѓа веќе неколку дена се претвори во врнежи од снег на планинскиот врв Антена. Ова се први врнежи од снег во Македонија оваа есен.

Метеоролозите најавија снег и на Маврово, а се очекува да падне викендов. Од УМХР велат дека ниските температури ќе продолжат и во наредните неколку дена, а дождот ќе паѓа до следниот четврток на територијата на целата држава.

 

Фото: С. Петровски

Scroll to Top