Пандемијата на коронавируот го направи светот потивок, па земјата помалку вибрира

By

Некогаш преполните улици сега се празни. Сообраќајот е сведен на минимум и сѐ помалку и помалку луѓе се движат наоколу. Глобалните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот го направија светот потивок и тоа го забележуваат и научници.

Низ светот, сеизмолозите сега регистрираат далеку помалку амбиентална сеизмичка бучава, под што се подразбираат вибрации генерирани од автомобили, возови, автобуси и секојдневно движење на луѓето. А, во отсуство на таа бучава, и горната кора на Земјата се движи помалку.

Томас Лекок, геолог и сеизмолог од Кралската опсерваторија во Белгија, прв го посочил овој феномен, откако забележал дека амбиенталната сеизмичка бучава во Брисел се намалила за 30-50% во март, токму во периодот кога земјата беше ставена во карантин.

„Помалку бучава значи дека сеизмолозите можат да детектираат помали настани. Во нормални времиња, станицата во Брисел е практички неупотреблива, но градот сега е тивок“, вели Лекок.

Слични ефекти сеизмолозите забележале и во други големи градови, како Лондон и Лос Анџелес.

Ќе ви се допадне