Папата Франциск негативен на коронавирус

Папата Франциск по направените тестови е утврдено дека е негативен на коронавирус, пренесуваат светските медиуми. Папата поради настинка, веќе неколку дена по ред ги откажува поедини активности и состаноци, но утврдено е дка не е заразен од коронавирус, пренесува италијанскиот весник „Ли Мешагеро“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, засега нема коментар за оваа ситуација, пренесува „Ројтерс“. Папата се тестирал на коронавирус поради настинка која не му поминува со денови. Тој има температура и постојано кашла.

Пред пет дена за време на една миса папата кивал и кашлал. Потоа се бакнувал и ракувал со десетина луѓе на плоштадот „свети Петар“.

Во меѓувреме откажани се и некои аудијенции, додека не се опорави, а не дојде ниту на миса.

 

 

Scroll to Top