Париз сака до 2024 да ја исчисти реката Сена за да може луѓето да пливаат во неа

By

Властите во Париз сакаат до 2024 година да ја исчистат реката Сена за да можат луѓето и да се бањаат во неа. Тие веќе започнаа со новиот проект кој е планиран уште од 1988 година, но, пропаднал кога тогашниот градоначалник Жак Ширак не го исполнил ветувањето.

dobivaj vesti na viber

Ширак тогаш ветил дека за 5 години парижани ќе можат да пливаат во Сена. Во 2017 година, градот отвори еден куп места за капење, низ заштитниот канал Сен Мартен.

Овој канал минува низ источниот дел на Париз, но и овој мал пловен пат морал да биде затворен во периодот кога нивото на бактерии во водата бил преголем, пишува „Блумберг“.

Париз сега сака трајно да го реши овој проблем со загадувањето на реката. До Летните олимписки игри кои ќе се одржат 2024 година, Сена терба да стане место каде ќе можат да се одржуваат разни натпреварувања.

Париз на левото крајбрежје од реката, под јавните градини, во близина на метрото Gar d’Austerlic, ќе гради огромен подземен резервоар за собирање на водата со цел да спречи изливање на канализацијата во реката, за време на силните дождови.

Новата цистерна чини 1,4 милијарди евра и има капацитет од 46.000 кубни метри и ќе може да собере 30 пати повеќе вода отколку што е потрбно да се наполни еден олимписки базен. Подземните цевки ќе бидат поврзани со канализацијата на двете страни на Сена.

Најавено е дека овој резервоар ќе ја испумпа целата вода назад во системот во рок од 24 часа, за време на силни врнежи. Иако новиот проект ќе ја намали количината на отпадни води кои се испуштаат во реката, градот проценува дека 100.000 кубни метри годишно завршуваат во Сена.

Поради тоа реката ќе треба да се избегнува во време на силни дождови. Канализациониот систем на Париз е од 19 век и ги меша отпадните води со дождовните, а за време на силни дождови, оваа мешана вода и отпад се испуштаат во Сена низ 44 канализации.

Повеќе од 2 милиони кубни метри канализациона вода на овој начин влегува во реката, оставајќи голем број штетни бактерии. Иако Ширак во 80 години не го исполнил своето ветување дека ќе плива во Сена, тој го подобри канализациониот систем, кој себак значително го намали загадувањето.

До денес значително е зголемен бројот на видови на риби кои живеат во реката, но, сепак капењето во урбаните делови на реката е забрането поради ризикот од штетните бактерии. Исто така забрането е и поради пловидбата на бродовите кои претставуваат безбедносна закана за луѓето.

Голема опасност е и изливот на отпадните води, кои веројатно ќе бидат сè почести поради сè  поинтезивните дождливи периоди и најавените климатски промени.

 

Ќе ви се допадне