Познатиот кувар напиша книга за својот живот и борбата со алкохолизмот и дрогата, поради што подоцна беше снимана серијата “Kitchen Confidential” со Бредли Купер во главна улога. Тој почина и не остави писмо за збогум. Неговата партнерка Ненси Путкоски со која живееше 20 години, до 2000 година, вели дека нејзината тага за него не може да се опише со зборови, затоа што тој бил посветен во се што го работел, благодарение на неговиот брилијантен дух и така ги инспирирал другите. Таа вели дека јавно тагува по својот сакан, оти само таа знае како човек бил познатиот кувар-патеписец.