Пациент кашлал како куче, докторот од Кичево растргнат на социјалните мрежи

„Пациентот кашла како куче“, напишал лекар од Кичево во анамнезата која ја дал за својот пациент и најверојатно се работи за дете. Ваквиот опис на лекарскиот наод предизвика реакции на социјалните мрежи и ги подели мислењата. Некои велат дека биле згрозени од тоа како лекарот ја опишал болеста во наодот, а други дека докторот најправилно си ја дал дијагнозата кога станува збор за ларингит. Обично ларингитот се опишува како „кучешка кашлица“.

„Како дојде време поарно на ветеринар да одиш да се лечиш“, „Македонското здравство е уникатно, нема други како нас“, „Добро е, можеле да стават дека кашла како коњ“, пишуваат на социјалните мрежи.

Сепак, во наодот станува збор за дијагнозата на ларингит, познат како „кучешка кашлица“ и овој термин често се користи во медицината. Односно, лекарите го опишуваат како „кашлица со звук на кучешки лаеж, притисок во грлото, лесна болка, температура се симптоми кои се јавуваат при ларингитис“.

Scroll to Top