Пауза во врската – решение на проблемот или крај на љубовта?

Според  статистичките податоци, околу 80% од паровите паузата ја сметаат за животна пресвртница, која им помага да се разберат себеси, своите желби и чувства.

Желбата за пауза е сигнал

Желбата за одмор е секогаш аларм, односно е показател дека нешто тргнало наопаку затоа што никој не би ни помислил да дојде до идеја да паузира од среќа. Друго важно прашање е дали повеќе сакате да бегате од проблемите затоа што сте премногу уморни или затоа што не сакате во принцип да ги решите?

Во другиот случај, сѐ е дефинитивно изгубено: недостатокот на поттик за работа на врската значи отсуство на љубов.

Паузата не е решение на проблемите

Многумина веруваат дека паузата како магија ќе ги ублажи недоразбирањата и кавгите. Нема. Можете да се раздвоите и повторно да се споите, а проблемот и понатаму ќе остане. Навистина е многу корисно да ја согледате ситуацијата од сите страни. Паузата помага да се оладите, апстрактно, односно мирно да размислите и да сфатите што навистина тргнало наопаку. Покрај тоа, во текот на паузата ќе имате прилика да споредите како се чувствувате поугодно – со него или без него. Можеби навистина не го следите истиот пат: не плашете се да донесете храбри одлуки и да тргнете напред.

Можеби само во текот на паузата ќе процените колку тој маж ви значи. Постојат две можни сценарија. Првиот е: одеднаш да откриете дека не ви е потребен, или пак, вториот е: дека сакате одма да го видите, да зборувате долго за вас, да го земете за рака и никогаш да не го пуштите. Доколку се покаже дека таа желба е обострана, вашиот однос, секако, ќе стане уште посилен од претходно.

Scroll to Top