Пензионерот Валери М. (66) од Санкт Петербург починал додека имал секс со кукла на дување.
Полицијата го пронашла безживотното тело на Валери во неговата куќа, откако соседите пријавиле неподнослива смрдеа што се ширела од станот.
„Кога ја скршиле вратата, го нашле старецот легнат на фотелјата покрај неговата ‘девојка’, додека неговото тело беше делумно вкочането“, пишува британскиот „Мирор”. Се претпоставува дека стариот човек починал неколку месеци претходно, а полицијата верува дека куклата ја направил од отпадот што го собирал во ѓубрето во близина на неговата куќа.
„Нејзината глава беше извадена од некоја друга кукла, додека телото беше направено од ткаенини, жици и крпи. Имаше и големи непропорционални гради, направени од розови гумирани подлошки“, пишува Мирор. Пензионерот, според медиумите, никој не го видел да излезе од дома со месеци. Иако се чекаат резулати од аутоспијата, полицијата верува дека тој починал за време на сексот со куклата. Како што рекол портпаролот, немало знаци на насилство.