Пензионерки се степале кај Зелено пазарче

Две жени се степале кај Зелено пазарче во Скопје, соопшти полицијата. Според МВР, пензионерка на возраст од 83 години вчера пријавила дека дваесет години помлада жена ја нападнала со тврд предмет во близина на Зелено пазарче.

„На 6.4.2022 во 14:15 часот Р.К. (83) од Скопје пријавила дека околу 13:40 часот кај Зелен пазар била физички нападната со тврд предмет од  Г.Ч.Т. (62) од Скопје“, стои во објавата.

Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top