Песна од Ед Ширан е најслушана во последните 10 години

„Спотифај“, сервисот за стриминг-музика, објави листа на најслушаните песни, албуми и најбараните изведувачи во последните 10 години. Тие открија дека нивните корисници најмногу ја слушале музиката на Дрејк. Раперот собрал повеќе од 28 милијарди стримови, а неговата најпопуларна песна One Dance е пуштена 1,7 милијарда пати. На второ место е Ед Ширан, а по него се Пост Малон, Аријана Гранде и Еминем.

Најслушана песна во изминатава деценија е Shape Of You на Ед Ширан, која е пуштена 2,4 милијарди пати.

Најслушана песна во 2019 година е Senorita на Шон Мендез и Камила Кабело. Песната беше објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати. Веднаш зад неа се најде песната на Били Ајлиш, Bad Guy, со 900 милиони стримови.

Scroll to Top