Пет хипхоп-легенди ќе настапат на полувремето на Супербол

Пет легендарни хипхоп-музичари: Еминем, Доктор Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе настапат на полувремето на 56. Супербол, што ќе се одржи в година. Финалето во американско рагби е закажано за 13 февруари 2022 година на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија, САД.

Според организаторите, првпат пет уметници да настапат заедно на сцената на најголемиот спортски настан.

„Можноста да настапам на полувремето на Супербол, и тоа во моето соседство, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера. Благодарен сум им на Џеј-Зи, ‘Рок нејшн’, НФЛ и ‘Пепси’, како и на музичарите што ми се придружија во она што ќе биде незаборавен културен миг“, изјави Доктор Дре.

Тод Каплан, потпретседател за маркетинг во „Пепси“, кој е спонзор на настанот, истакна дека тоа ќе биде „епска незаборавна прослава на влијанието што денес го има хип хопот во светот“.

 

Scroll to Top