Пет карактеристики на совршената жена

Самодовербата е важна, па ако ја имате може да ви ги отвори сите врати. Жените со голема самодоверба се поуспешни во работата, но и во љубовта. Испитувањата покажале дека совршените жени имаат пет карактеристики:

1. Не прашуваат дали им се допаѓаат на мажите

Додека несигурните жени прашуваат дали нивниот изглед и гардероба се доволно добри за мажите и дали се интересни, жени со самодоверба воопшто не размислуваат на тој начин. Тие не прашуваат дали ќе им се допаднат на мажите туку очекуваат дека сигурно ќе им се допаднат и размислуваат дали тој ќе им се допадне ним.

2. Јасно им е поради што се разделиле

Додека жените без самодоверба по разделбата со партнерот се прашуваат каде згрешиле, жените кои се сигурни во себе знаат дека врските „пукаат“, па не живеат во минатото.

3. Имаат граници

Знаат што сакаат, а што не сакаат и играат по свои правила.

4. Веруваат во себе

Не планираат да се предомислат или да ги жртвуваат своите уверувања само за да имаат маж.

5. Не се фалат

Жените полни со самодоверба немаат потреба да глумат тоа што не се ниту да ги импресионираат луѓето со евтини самофалби. Тие самите на себеси се доволни и од мажите очекуваат да ги препознаат нивните квалитети без тие да ги потенцираат.

Scroll to Top