Пет лоши навики кои ги уништуваат забите

 

Прегрубо четкање на забите

 

Иако звучи како добра работа, претврдите четки, како и прегрубото четкање може трајно да ја оштети заштитната глеѓ на забите, да предизвика преголема чувствителност и склоност кон кариес. Затоа, користете помека четка за заби и чистете ги вашите заби со полесни кружни движења барем двапати дневно.

Погрешна паста за заби

Токму како и четката, и пастата за заби може да биде премногу агресивна. Многу пасти содржат микрогранули и зрнца кои помагаат при отстранување на дамките, но истите можат да ги оштетат вашите заби. Затоа стоматолозите препорачуваат да пронајдете паста која ќе одговара на вашиот вкус, а препорака е онаа за чувствителни заби.

 

Газирани пијалаци

 

Газираните пијалаци содржат киселини кои со текот на времето ги нагризуваат забите. Газираните пијалаци не се добри ниту за вашето тело, па затоа нивната консумација сведете ја на минимум.

 

Употребете конец за заби

 

Доколку мислите дека со четката за заби можете детално да ја исчистите усната празнина, тогаш се лажете. Четката за заби не може да допре до подрачјето помеѓу забите и затоа ви е потребен конец. Чистењето на забите со конец спречува кариес, воспаление на непцата и таложење каменец.

Храна која остава дамки

Забната глеѓ е како порцеланот. Сè она што остава дамки на вашите чинии или шолји, ќе остави дамки и на вашите заби, но потрајно. Кафето, чајот, соја-сосот и црвеното вино се само некои од прозводите кои оставаат лоши дамки на вашите заби. Токму поради тоа се препорачува четкање на забите по нивното консумирање

Scroll to Top