Пет вида разведени мажи

Доколку сте запознале разведен маж, проверете дали се наоѓа на оваа листа.

Секогаш ќе ѝ се враќа на поранешната

Сѐ уште не ја пуштил поранешната сопруга. Запомнете: нема ни да ја пушти – долго време ќе пати по неа и ќе доживувате драми. А, во врската секогаш ќе бидете тројца. Таа во голема мера влијаела врз неговите чувства, па тој едноставно се плаши од нови врски. Сѐ што му останува е да ја споредува поранешната сопруга со другите жени.

Господин погрешен

Разводот за него бил како отпочнување на нов живот отпочеток. Се обидува да ги избрише сите сеќавања поврзани на сето она што се случувало во бракот. И овде, според неговото мислење, сите средства се добри – без разлика дали се работи за опивање преку викендот, екстремно патување или секој ден нова жена во креветот. Постои шанса таквиот човек да се спаси. Само треба да го почекате неговиот период на рехабилитација.

Работник на годината

Не е среќата во љубовта, туку во канцеларијата! Нешто слично на ова кажуваат мажите кои по распадот на семејството се фокусираат на работата. Со денови седат на лаптопот, водејќи бескрајни преговори и склопувајќи деловни договори, дури и за викенд. Всушност, работните прашања им помагаат да ги оттргнат мислите од пропаднатиот брак. Сѐ на сѐ, ова не е најлош случај: таквите мажи често брзо напредуваат во кариерата и почнуваат добро да заработуваат. Останува прашањето дали може ќе забави поради вас или, пак, ќе се врати дома длабоко во ноќта, кога вие веќе спиете.

Секоја жена ја споредува со бившата

Ако една жена ги изневерила/напуштила/предала, тогаш за нив сите го прават тоа. Имал лошо искуство па во главата му се создал специфичен образец за сите жени. Жените се злобни и изневеруваат. А, обидот да се разбие овој стереотип е како удрирање глава во ѕид. Всушност, таквите мажи често воспоставуваат нови врски само за да ѝ се одмаздат на поранешната сопруга.

Лудак

„Каде сум? Кој сум јас? Што да правам сега и како да живеам?“ – таквите прашања ги мачат некои разведени мажи. Заедно со сопругата ги изгубил сите насоки во животот и потполно испаднал од колосекот на животот. Но, главната неволја е што ваквите мажи во принцип се слабо прилагодени на независниот живот. Најверојатно семејниот живот не им се остварил само поради тоа – на жената едноставно ѝ се здосадило да му објаснува елементарни работи, како на дете.

Scroll to Top