Писателката на „50 нијанси сиво“ напиша нов еротски роман

Писателката Ерика Леонард Џејмс, која се прослави со трилогијата „50 нијанси сиво“, наскоро ќе го промовира новиот еротски роман, „Господин“ што го најавува како „Романсата на Пепелашка од 21 век“. Романот ќе се промовира на 16 април во Велика Британија и Северна Америка, а еден месец подоцна и во други земји во Европа.

Е. Л. Џејмс

Дејството на романот се одвива во Лондон и во Источна Европа, а ја раскажува приказната за англиски аристократ, кого го заведува таинствена млада музичарка која неодамна стигнала во Англија, открива издавачот.

„Многу сум возбудена што оваа нова романса ќе биде објавена. Максим и Алесиа ме одведоа на фасцинантно патување и се надевам дека и моите читатели и читателки ќе се воодушеват од нивната возбудлива сензуална приказна“, изјавила неодамна авторката.

Е.Л. Џејмс се прослави со романот „50 нијанси сиво“, кој беше објавен 2012 година. Книгата стана бестселер со 150 милиони продадени примероци. По книгата е снимен и филм во три дела, со Дакота Џонсон и Џејми Дорнан во главните улоги.

Scroll to Top