И покрај големото политичко ривалство, сега веќе починатиот поранешен американски претседател Џорџ Буш постариот и Бил Клинтон биле големи пријатели. Ова се открива во писмото кое што Буш му го оставил на неговиот колега и иден претседател на САД.
Традицијата која што била практика во Белата куќа, поранешните претседатели да им остават белешки на идните свои колеги, ја прекршил Буш со невообичаеното писмо.
Писмото кое Клинтон го пронашол на 20 јануари 1993 година, многумина го протолкуваа како нешто кое покажува дека и двајцата и покрај политичкото ривалство биле големи пријатели, но ѝ како лекција за изнаоѓање поуки во поразот.
„Драги Бил,
Кога јас влегов во канцеларијата, го почувствував истото чувство на вчудоневиденост и почит кое го имав пред четири години. Сигурен сум дека и ти ќе го почувствуваш истото. Ти посакувам многу среќа тука. Не ја почувствувам осаменоста, како што некои претседатели ја опишувале. Ќе имаш многу тешки моменти и уште потешки поради критиките. Работи за кои ќе мислиш дека не се фер што се случуваат. Не сум многу добар во давање на совети, но не дозволувај критиките да се обесхрабрат и да те насочат надвор од курсот.
Ти ќе бидеш наш Претседател кога ќе ја читаш пораката. Ти посакувам се најдобро. Му посакувам на твоето семејство се најдобро. Твојот успех сега е успех на нашата земја. Се радувам за тебе. Со среќа“, напишал Буш во писмото.
„Буш направи колку што можеше, да се чувствуваме како по дома“, изјавил Клинтон.
„Засекогаш ќе бидам благодарен за пријателството кое го оформивме. Од моментот кога го запознав како млад гувернер кој ме покани во неговиот дом, каде бев заглавен во неговата добрина и посветеност кон неговата сопруга Барбара и неговите деца“, напишал Клинтон во неговата изјава по смртта на Буш.