Планинари ќе спасуваат стари и болни лица заробени во снегот во Осоговијата

По интензивните врнежи од снег кои ја зафатија земјава, како и Кочанскиот Регион, повеќе села од Осоговијата се отсечени од цивилизацијата, соопштија членовите на планинарското друштво „Осогово“ на нивниот фејсбук-профил.

Во овие села живеат стари и изнемоштени луѓе, повеќето од нив се болни и им треба помош во лекови и храна.

 

„Ние од планинарското спортско друштво ‘Осогово’ сме расположени да испешачиме повеќе од 30 километри за да им ги доставиме продуктите и лековите кои им се потребни за секојдневна терапија. Секој кој има желба, може да донира продукти и лекови“, стои во повикот.

Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации на фејсбук-страницата на планинарското друштво или да го побараат Тошо Антов на 078 270 724.

Scroll to Top