Поранешната Плејбој зајачица Стефани Адамс, 47, се самоуби заедно со седумгодишниот син Винсент, скокајќи од 25-тиот кат на хотел „Готом“ во Менхетен.
Нивните тела биле пронајдени на балконот на вториот кат, соопшти полицијата.
Адамс е поранешен модел и Плејбој зајачица. Според американските медиуми, таа имала проблеми со поранешниот сопруг Чарлс Николас (47). Двајцата биле во судот во средата за да разговараат за старателство над детето. Судот одлучил дека таа не може да го земе својот син на патување во Европа и наредил таа да го предаде пасошот на детето.
“Сè што сакав беше да избегам од овој кошмар неколку дена”, рече Стефани по одлуката на судот.
Според “Њујорк пост”, односот на поранешните сопружници бил толку лош што полицијата постојано морала да интервенира поради семејно насилство.
Адамс, изнајмила стан на врвот на хотелот “Готам” во четвртокот, изјави директорот за истрага на полицијата во Менхетен, Вилијам Обри.
Келнер во ресторанот на хотелот рече дека еден од гостите во хотелот прв ги видел телата откако таа скокнала со синот.